Несогласувањата на Русија и Саудиска Арабија ја урнаа цената на нафтата

Архива на СП

Се намали и вредноста на доларот во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франк.

Продолжува „слободниот пад“ на цената на нафтата особено откако Ријад најави зголемување на производството следниот месец на 12,3 милиони барели дневно. Вчера и Обединети Арапски Емирати најавија дека планираат да го зголемат производството.

Американската нафта ВТИ бележи пад од 5,4 проценти и сега барел нафта се тргува за 31,47 долари, додека цената на северноамериканската нафта „брент” се намали за 5,7 отсто и се продава за 34,24 долари за барел.

Со намалувањето на цената на црното злато падна и вредноста на американската валута во однос на јапонскиот јен за 0,8 отсто и во однос на швајцарскиот франк за 0,3 проценти.

Еврото бележи раст од 0,2 проценти во однос на доларот, додека британската фунта се намали на 1,2807 долари, што е најниско ниво ова недела.

На берзите раст забележа цената на златото за 0,1 отсто и унца чини 1.636 долари, но е значително помалку од понеделникот кога унца злато се продаваше за над 1.700 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот