Голема одговорност: „Неруалинк“ на Илон Маск доби дозвола за клинички тестови на мозочни импланти кај луѓе

Илустрација на вградувањето на имплантот во мозокот/Фото: Naeblys / Alamy / Alamy / Profimedia

Компанијата за развој на мозочни имплантина на Илон Маск е на пат да ја реализира целта да приклучи мозок на компјутер откако доби дозвола за клинички тестирања кај луѓе.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) конечно ја одобри дозволата за која „Неуралинк“ аплицираше лани. Сопственикот Маск веќе изрази убедување дека компанијата до крајот на оваа деценија ќе развие био-технолошки интерфејс што ќе биде во можност целосно да го третира тинитусот – зуењето во ушите, за кој класичната медицина нема одговор. Следните чекори би било третирање на многу посериозни состојби, како слепило или парализа, или ќе помага за надминување на дебелината, аутизам, депресија и шизофренија. Маск лани изјави дека е цврсто убеден во успех и дека „планира да им вгради импланти и на сопствените деца“.

ФДА, сепак, ја предупреди „Неуралинк“ дека мора да задоволи одредени услови за да ги почне клиничките тестирања кај луѓе – безбедно напојување на уредот со литиумска батерија и гаранции дека вградениот уред може да биде извлечен без да се оштети мозочното ткиво.

Против „Неуралинк“, од друга страна, се водат федерални истраги покренати од здруженија за заштита на животните. Инспекции ги истражуваат тврдењата дека при лабораториските испитувања во лабораториите по 2018 година биле убиени повеќе од 280 овци, свињи и мајмуни, односно вкупно 1.500 животни.

Маск веќе нема да го води Твитер, на директорската позиција ќе го наследи жена

ВИДЕО: Ракетата „Старшип“ на Илон Маск експлодира само четири минути по лансирањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот