Маск веќе нема да го води Твитер, на директорската позиција ќе го наследи жена

Илон Маск Твитер/ Фото: Peter Kov / Alamy / Alamy / Profimedia

Американскиот претприемач и еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, денеска соопшти дека во следните месец и половина ќе ја напушти функцијата извршен директор на неговата социјална мрежа Твитер, и оти веќе има нов кандидат, односно кандидатка за директорската позиција.

„Среќен сум што можам да објавам дека најдов нов извршен директор на „Твитер“. Таа ќе започне со работа за околу шест месеци“, објави Маск на Twitter.

Во објаваата, тој додава дека самиот ќе ја преземе позицијата извршен претседател и технички директор на популарната мрежа за микроблогирање, која лани ја купи за сума од 44 милијарди долари.

Компанијата „Twitter Inc.“ е основана во 2006 година, но таа низ годините не најде начин да прави приходи и да заработува колку другите слични апликации од нејзината генерација. Токму со најава дека ќе го претвори Твитер во профитабилен бизнис, лани есента, Маск конечно го склучи договорот за купување на социјалната мрежа. Во април годинава беше објавено за преземањето на „Twitter Inc“ од „X Corp.“ на Маск, чие седиште е во сојузната држава Невада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот