Нема веќе гладување: Ова се најдобри градови за вегани и вегетаријанци во 2023 година

Фото: Flickr

526 места во кои јадат вегетаријанци на 100.000 луѓе не е мала работа, а токму овие бројки му ја донесоа на Брисел титулата најдобар град за луѓето кои избегнуваат месо…

Не толку одамна, зеленчук на скара и салати без лице беа единствените опции за веганите и вегетаријанците да останат гладни на патувањата.

За среќа, времињата се менуваат – на подобро. Има се повеќе градови во светот во кои луѓето кои не јадат месо, нема да останат гладни. Според истражувањето на порталот Bounce, TimeOut.com пренесува дека најдобар град во Европа за вегетаријанци е: Брисел! 526 места во кои јадат вегетаријанците на 100.000 луѓе не е мала работа.

Следува Фиренца со 343 вегетаријански ресторани на 100.000 жители, а по неа е Венеција која има 270.

И кога станува збор за вегански ресторани (и разни верзии), Брисел повторно е на прво место: брои 209 објекти на 100.000 луѓе, а потоа следат Фиренца и Единбург.

Најдобрите градови во светот за вегетаријанци:

Брисел
Фиренца
Венеција
Порто
Единбург

Најдобри градови за вегани:

Брисел
Фиренца
Единбург
Порто
Лисабон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот