Нема бодување на Вимблдон, затоа има рекорден награден фонд
Вкупниот награден фонд за овогодинешното издание на Вимблдон ќе изнесува рекордни 40,3 милиони фунти, соопшти организаторот на третиот тениски гренд слем турнир во годината.
Препорачано
Фондот е зголемен за вкупно 5,4 отсто во однос на 2019 година, кога наградниот фонд изнесуваше 38 милиони фунти, а де зголемен за 11 отсто во однос на минатата година, објави Би-Би-Си.
Победниците во машка и женска во поединечна конкуренција ќе освојат по два милиони фунти, што е помалку од 2,35 милиони фунти колку то ги добија во 2019 година, кога турнирот последен пат се одржа пред полни трибини, но затоа поголеми награди ќе освијат тенисерите што ќе бидат елиминирани во воведните рунди.
Зголемени се наградите за 40 отсто за тенисерите со инвалидска количка, а зголемени се и наградите за квалификантите.
Квалификациите кои ќе ги поминат сите три рунди ќе добијат 62.000 фунти, додека победата во првиот круг од главниот настан ќе добие 50.000 фунти.
Вимблдон им плати на тенисерите вкупно 10 милиони фунти во 2020 година, откако турнирот беше откажан поради пандемијата на корона вирусот.
Вимблдон треба да се одржи од 27 јуни до 10 јули.


