Некогаш беше секс-симбол, а денес едвај го препознаваат на улица (ФОТО)

профимедиа

Актерот Ник Нолти (78), кој во кариерата снимил повеќе од 50 филмови, а бил и три пати номиниран за Оскар, денес изгледа непрепознатливо. Во младоста го сметаа за голем секс-симбол на Холивуд, а по него воздивнуваа сите жени ширум светот.

профимедиа

Но оттогаш поминаа десеции, а Нолти повеќе не е она што беше. Токму спротивното, камерите го уловиле во сосема поинакво издание – долгата седа брада, разбушавената коса и лежерното облекување го трансформирале Нолти, па денес ретко кој го препознава од прва.

профимедиа

Нолти кариерата ја започнал во театарот, но набрзо преминал на филмското платно, кое му обезбеди планетарна популарност. Освен по актерските остварувања, познат е и по неговиот турбулентен живот кој го одбележаа борбата со зависностите и бројните пропаднати љубовни врски.

профимедиа

Се започна уште во далечната 1965 година кога беше уапсен поради фалсификување на документи и измама. Поради тој злочин добил 45 години затвор. Иако тоа звучи застрашувачки, актерот успеал да се извлече од служењето на казната бидејќи пресудата на крајот била отфрлена.

профимедиа

Многу подоцна, 2002 година, Нолти имал уште една блиска средба со органите на законот кога бил уапсен поради сомнеж дека возел пијан во Малибу. Три дена по апсењето се пријавил во клиниката за советување, каде требало да работи на своите проблеми и зависноста од алкохол.

профимедиа

Анализата на крвта покажала дека бил под дејство на дрога која обично се користи за силување, но актерот остро негирал дека некого силувал. Ниту на љубовен план не му било здодевно, тој се женел четири пати, а има и две деца.

Инаку, Ник Нолти неколку пати беше прогласуван за најпосакуваниот маж во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот