„Не можам да дишам, грлото ме боли“: Зверев играше болен на „Ролан Гарос“!
Голема загриженост се појави после признанието на германскиот тенисер Александар Зверев (6. носител) дека во текот на ноќта пред мечот одигран во неделата имаше температура 38.
Истакна дека има проблеми со дишењето, го болеше и грлото. Но, во таква состојба одлучи да излезе на терен, без никаква претходна консултација со француските доктори.
Загуби од италијанската тениска надеж Јанис Синер, после мечот порача дека не требаше да игра.
'I'm completely sick': Alexander Zverev plays in French Open despite Covid-like symptomshttps://t.co/IWtIFVFEfx
— adam zaccaria Jr (@AdamZaccaria) October 5, 2020
Исто така не сакаше да открие на прес конференцијата кога последен пат се тестираше на коронавирус.
Синер после тој дуел порача да не се грижат, бидејќи тенисерите на „Ролан Гарос“ редовно се тестираат.