Илустрација на супермасивна црна дупка / Фото: Michael Piepgras / Panthermedia / Profimedia

Научници на работ на големо откритие: Забележан најсветлиот блесок досега од супермасивна црна дупка

Научниците ја открија најсветлата светлина некогаш емитирана од црна дупка, која има интензитет од 10 трилиони сонца, објави „Еј-би-си њуз“.

Ваквите експлозии на светлина и енергија можат да бидат резултат на интеракцијата на магнетните полиња или исфрлањето на загреан гас околу црните дупки.

Експлозиите на светлина им помагаат на истражувачите да ја разберат внатрешноста на црните дупки.

Овој феномен е снимен во 2018 година од камерата на опсерваторијата Паломар во Калифорнија, а снимената светлина светела со својот најсилен интензитет околу три месеци, а потоа почнала да слабее.

Ова најверојатно се случило затоа што голема ѕвезда се приближила премногу блиску до црната дупка и била скршена на фрагменти.

– На почетокот, не можевме да им веруваме на бројките што го покажуваа интензитетот на енергијата – рекол авторот на студијата Метју Греам од Калифорнискиот институт за технологија.

Експлозијата на светлина потекнува од супермасивна црна дупка оддалечена 10 милијарди светлосни години, што ја прави најоддалечената слика некогаш снимена.

Светлината потекнува од времето кога универзумот бил релативно млад, а една светлосна година е еднаква на растојание од 9,7 трилиони километри.

Проучувањето на ваквите феномени им помага на истражувачите подобро да ја разберат ѕвездената средина околу супермасивните црни дупки.

Скоро секоја голема галаксија, вклучувајќи го и нашиот Млечен Пат, има супермасивна црна дупка во својот центар, но научниците сè уште не се сигурни како тие се формираат.

Резултатите од истражувањето беа објавени денес во списанието „Нејчр астрономи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот