Направете сами домашна крема која ги брише брчките и мозолчињата како гума (РЕЦЕПТ)

профимедиа

Многумина од нас се борат со мозолиња, митесери и поради тоа посегнуваат по скапи производи кои се полни со штетни вештачки материи. Тие производи не помагаат, а можат и да ја влошат состојбата.

Наместо тоа, подобро да пробате природни препарати, како што е овој. Направете крема на едноставен начин која вашето лице ќе го направи чисто, мазно и блексаво.

Потребно ви е:

– 1 лажичка лимонов сок

– 1 лажица мед

– 1 лажица мелен мускатен орев

– 1 лажица цимет во прав

Подготовка и начин на користење:

Помешајте ги сите состојки во сад и мешајте додека да добиете густа смеса, а добиената крема нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 10 минути. Внимавајте на подрачјето околу очите и устата при нанесувањето на било каква крема.

Додека ја држите кремата можно е да се јави чувство на пецкање, а тоа значи дека таа делува. Состојките од оваа крема ќе делуваат смирувачки на вашата кожа, а погодно ќе делуваат и на присуството на црвенило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот