Наполи ги одби бундеслигашите и 22,5 милиони фунти за Елмас

epa08702146 Napoli's forward Elif Elmas in action during the Italian Serie A soccer match between SSC Napoli and Genoa CFC at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 27 September 2020. EPA-EFE/CESARE ABBATE

Македонскиот репрезентативец имал понуда да се пресели во Премиер лигата, поточно во Лидс каде што моментно настапува нашиот Езгјан Алиоски.

Поточно, Наполи, екипата за која игра Елиф Елмас, ја одби понудата од 22,5 милиони фунти испратена од „Иланд роуд“.

Експертот за фудбалски трансфери, Чиро Венерато за „Радио Гол“ изјави дека бројни клубови покажале интерес за нашиот фудбалски „Дијамант“, како на пример од Бундеслигата, односно Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Лајпциг.

А од претходно беше и објавено дека и еден од најпознатите португалски клубови ја следи ситуацијата со Елмас кој има договор со „наполитанците“ до 30 јуни 2025 година, со вредност од 18 милиони евра според „Трансфермаркт“.

Сепак Наполи сака да го задржи Елмас во своите редови, веруваат дека тој е клучен играч во составот на Џенаро Гатузо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот