Португалски гигант со интерес за Елмас

фото: инстаграм

Како што информираат португалските медиуми, Бенфика ќе се обиде уште во зимскиот период да го ангажира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас (21).

Нашиот фудбалски „Дијамант“ ги брани боите на Наполи со кој има договор до 30 јуни 2025 година и според „Трансфермаркт“ моментно вреди 18 милиони евра.

Според „TVI24“, еден од најпознатите клубови во Португалија предводен од тренерот Жезус во јануари би можел да испрати понуда до „наполитанците“ за Македонецот.

Планот на Бенфика е прво да дојде како позајмица, но не се исклужува и можноста за целосна продажба.

Елмас сезонава во италијанската Серија А до сега запиша седум настапи и еден погодок во победата над Џенова.

Во најсилното португалско првенство Бенфика после девет кола е на втората позиција со 23 бодови, два помалку од водечкиот Спортинг на нашиот Стефан Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот