Наковска Бикова ќе ја претставува Македонија на Параолимписките игри во Токио

Оливера Наковска Бикова (стрелаштво) ќе настапи во три дисциплини во Токио/Фото: Македонски Параолимписки комитет

Од 13 до 18 август на стрелиштетот „Бејбунар“ во Охрид се одржаа завршните подготовки на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова пред заминувањето на Параолимписките игри во Токио, Јапонија.

– Ние сме подготвени достојно да ги браниме боите на нашата држава. После скоро две години апстиненција од врвни спортски натпревари, време е да се впуштиме во борба со конкурентите, со надеж дека поред другото и спортската среќа ќе ни биде наклонета – известуваат од Македонскиот Параолимписки комитет.

Воедно Македонскиот Параолимписки комитет упатуваат благодарност до ИПЦ, Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална политика, за обезбедување на услови за непречени подготовки, опремување и учество на параолимпискиот тим на Македонија на Параолимписките игри во Токио.

Параолимпијадата во Токио ќе се одржува од 24 август до 5 септември без присуство на публика на трибините поради пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19.

Наковска Бикова ќе патува во Токио со обезбедена норма, според најавите ќе учествува во три дисциплини, П2-воздушен пиштол жени 10 метри на 31 август, потоа на 2 септември во П3-спорт пиштол 25 м, а на претпоследнито ден во П4-пиштол слободен избор 50 м.

Наковска Бикова на Параолимписките игри во Лондон 2012 успеа да го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол (10 м).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот