Најтрофејниот олимпиец секојдневно се бори со депресијата

epa05603328 YEARENDER 2016 AUGUST Gold medalist Michael Phelps of the USA poses with his medal after winning the men's 200m Butterfly final of the Rio 2016 Olympic Games Swimming events at Olympic Aquatics Stadium at the Olympic Park in Rio de Janeiro, Brazil, 09 August 2016. EPA/CIRO FUSCO

Сопругата на најдобриот пливач на сите времиња, Мајкл Фелпс, Никол ја отвори душата за американскиот „Тудеј“ и призна дека стравува за сопругот кој се бори со депресија.

Фелпс неодамна изјави дека мисли оти никогаш нема целосно да се излечи и призна дека стравувал за својот живот поради мислите кои му доаѓаат.
– Јас сум човек кој поминал најмалку три или четири периоди на тешка депресија во Олимписките игри и си го доведов својот живот во опасност – призна Фелпс.

Мајкл Фелпс и Никол/EPA/SEBASTIEN NOGIER

Никол која со Мајкл Фелпс има три деца (Бумер има четири години, Бекет 2, Маверик 16 месеци), призна дека секој ден стравува поради болеста на нејзиниот сакан.
– Кога видов како и е на Ванеса кога го загуби Коби, се што можев да сторам беше да го погледнам Мајкл и да му кажам: Можеме ли да ти помогнеме? Бидејќи доколку те загубам, не знам што ќе правам – зборува Никол, која е поранешна Мис Калифорнија.


Таа секојдневно се обидува да му помогне на својот сопруг, но сфатила дека тоа може да го прави до одредени граници.
– Мајкл е најневеројатнио татко и сопруг кој можев да го најдам во својот живот. Порани мислев дека ќе можам да му помогнам како некој вид на терапевт кој му беше неопходен. Меѓутоа, тоа што го научив е дека не можете да водите сметка за тоа како се чувствуваат луѓето без разлика колку тоа го сакате. Децата се тие кои му носат насмевка на лицето и среќа како и на мене, и без нивна помош тешко дека ќе го издржев сево ова – објаснува Никол.

Од друга страна, пандемијата на коронавирусот ја влоши состојбата на Фелпс и самиот пливач го признава тоа.
– Никол ме сака и се обидува да ми помогне да се опоравам. Меѓутоа, таа сама се бори. На неа и е потребна поддршка бидејќи знам дека и е тешко – откри Фелпс неодамна.


За среќа на Мајкл, тој и Никол успеаја да пронајдат мала рутина на која пливачот е навикнат, постојано патување и натпреварување. Така тие заедно започнаа да спортуваат, а Фелпс секоја вечер подготвува вечера за семејството и состојбата малку му се подобрува.

Мајкл Фелпс е најтрофеен спортист во историјата на Олимписките игри, пливачот на Олимпијадите во Атина (2004), Пекинг (2008), Лондон (2012) и Рио де Жанеиро (2016) освои вкупно 23 златни медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот