Најопасниот и најредок облик на рак: Ова се првите симптоми на карцином од кој почина славниот дизајнер!

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Познатиот моден дизајнер Вирџил Абло почина на 41-годишна возраст по двегодишна борба со срцевиот сарком (тумор на срцето) за кој јавноста ништо не знаеше. Ракот на срцето е најретката форма на рак, но и најопасна. Оваа болест стручно се нарекува ангиосарком на миокардот.

Дијагнозата на оваа болест се поставува врз основа на анамнеза, преглед, ЕКГ, рендгенографија на срцето и белите дробови, ултразвук и ангиокардиографија.

„Кога се развиваат туморите на срцето, тоа обично е резултат на генетска мутација, бидејќи срцето всушност не е вообичаено место за развој на ракот, пред се, поради самиот состав на овој орган“, објаснува д-р Скот Шуце, началник на онкологија на Универзитетот во Мичиген.

Ракот на срцето е многу ретка појава. Студијата која следела обдукцијата на 12.000 луѓе покажала дека само седум лица имале примарен малигнен рак на срцето.

Лекувањето е хируршко. Со оглед на можноста за потешки компликации и ненадејна смрт, операцијата не треба да се одложува. Лекувањето на секундарните тумори е, пред се, симптоматско. Кај бавно растечките тумори, се прибегнува кон хируршко отстранување на метастазите кои непосредно го загрозуваат животот.

Ако во организмот почне да се развива овој тип на рак, се појавуваат следниве симптоми:

– Отекување на стапалата
– Отекување на зглобовите
– Отекување на стомакот
– Замор и исцрпеност
– Болка во градите
– Краток здив
– Палпитации на срцето

Почина Вирџил Абло, уметничкиот директор на „Louis Vuitton“ и основачот на „Off-White“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот