Почина Вирџил Абло, уметничкиот директор на „Louis Vuitton“ и основачот на „Off-White“

вирџил абло
Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Почина уметничкиот директор на „Louis Vuitton“ и основач и извршен директор на модната куќа „Off-White“, Вирџил Абло. Тој имаше само 41 година.

Според изјавата објавена на неговата страница на Инстаграм, причината за смртта на Аблох била „ретка, агресивна форма на рак“, нешто со што тој приватно се борел две години.

„Ние сме уништени што ја објавуваме смртта на нашиот сакан Вирџил Абло, силно посветен татко, сопруг, син, брат и пријател. Повеќе од две години, Вирџил храбро се бореше со ретка, агресивна форма на рак, срцева ангиосаркома. Тој избра да ја издржи својата битка приватно по неговата дијагноза во 2019 година, подложен на бројни тешки терапии, и сето тоа додека раководеше со неколку значајни институции кои ги опфаќаат модата, уметноста и културата“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @virgilabloh

Изјавата го слави уметничкиот порив на дизајнерот, неговиот позитивен став и посветеноста на вклучување и инспирација на другите во неговиот професионален крај со цитат од покојниот уметник и барање за приватност за да се оплакува неговиот живот.

„Сè што правам е за 17-годишната верзија на мене“

Абло ја основаше модната куќа за врвна улична облека „Off-White“ во 2013 година. Во 2018 година, Луј Витон го ангажираше како уметнички директор на „ready-to-wear” линијата за машка облека, со што стана првиот обоен уметнички директор на брендот.

Абло зад себе ги остави сопругата Шенон, нивните две деца Лоу и Греј, неговата сестра Едвина и родителите Ни и Јунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот