Најбомбастичната жена на сите времиња полни 82 години: Последен пат е видена во јули и изгледа неверојатно!

Фото: Профимедиа

Американската актерка Ракел Велч денеска полни 82 години, а своевремено жареше и палеше во Холивуд.  Оваа дама во 60-тите и 70-тите години беше глобален секс-симбол, позната по своето неверојатно, извајано тело. Ракел не се двоумеше да ги покаже своите атрибути, па остана запаметена по бројните провокативни филмски сцени.

Магазинот „Емпаер“ во 1995 година, ја вклучи во 100-те најсексапилни ѕвезди во историјата на филмот, додека магазинот „Плејбој“ ѝ го додели третото место на листата на 100 најсекси дами на 20. век. Исто така, читателите на магазинот „Менс хелт“ во 2011 година ја изгласаа за втора најубава жена на сите времиња.

Фото: Профимедиа

Ракел, благодарение на нејзиното прекрасно тело и храброста да го покаже без срам, го доби статусот на меѓународен секс-симбол, а сè започна со реализацијата на „One Million Years B. C.“ од 1967 година.

Велч имаше само три реченици текст, но носеше специјално бикини кое привлече огромно внимание. Филмските постери на кои таа позира токму во тој костим станаа едни од најпродаваните некогаш! А тоа беше само почеток на нејзината богата филмска кариера…

Фото: Профимедиа

„Чувствував дека на луѓето навистина не им е гајле за мене, туку само за неа – таа жена во бикини од срнечка кожа со премногу долги нозе, сјајни раце и неверојатна тенка половина. Таа беше моќна, незаборавна жен и тие беа вљубени во неа, во таа супер Амазонка. Јас сум силна жена, но дефинитивно не сум сето тоа“, рекла холивудската икона пред неколку години за улогата што ја лансираше во ѕвезда.

Славната актерка и манекенка последен пат беше фотографирана во јули оваа година на улиците на Беверли Хилс додека одела на маникир, во лежерна облека – црна тренирка и бела маица, со капа на главата.

Фото: Профимедиа

Ова е, инаку, една од ретките прилики Ракел да се појави во јавноста во последните неколку години. Очигледно е дека се подложила на естетска хирургија, но сепак изгледа одлично, особено со оглед на фактот дека има над 80 години.

Фото: Профимедиа

Во 2010 година, таа во своите мемоари „Ракел: Надвор од деколтето“ (Raquel: Beyond the Cleavage) истакна дека стареењето е секако тежок процес, особено за неа како жена која постојано била под светлата на рефлекторите.

„Сите можеме да се согласиме дека стареењето е предизвик, но верувајте ми – уште потешко е за некој што е секс-симбол кој бледее. Погледнете ме. Добро се држам, но тоа бара труд, напор, секој ден вежбам јога час и половина. Но, навистина, луѓе, која е поентата да започнете да лажете за вашите години? Јас ја претставувам убавината, идеализираниот изглед на жената и тие ги следат моите совети и начинот на исхрана и вежбање“, напишала Ракел во книгата.

Фото: Профимедиа

Инаку, Ракел е позната и по бурниот љубовен живот – зад себе има четири брака, а во 2015 година изјави дека не е исклучено повторно да стапне на лудиот камен. Исто така, актерката истакна дека многу нејзини врски не успеле „затоа што е премногу на своја рака“ или затоа што мажите сакале да излегуваат со неа само поради нејзиното име.

Фото: Профимедиа

„Талкаа наоколу додека беа во брак со Ракел Велч. Никогаш не го разбрав тоа. На многу мажи не им се допадна фактот што јас бев таа што привлекуваше внимание кога одиме некаде. Не жалам за браковите. Имав вистински чувства кон сите нив. Тогаш мислев дека тоа е љубов и дека можеме да создадеме голем живот, но не ни било пишано“, објаснила своевремено Ракел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raquel Welch (@therealraquelwelch)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот