Најактуелни слободни работни места во државата за оваа недела

Фото: Кариера.мк
Завршуваме со уште една работна недела со многу нови објавени слободни работни места за цела држава. Би сакале да издвоиме најразгледувани огласи за оваа недела кои можеби ќе ви се допаднат и вам и ќе одлучите да аплицирате за ново работно место. Уверени сме дека промената започнува тогаш кога ќе одлучите дека е време за промена, затоа не оставајте времето да одминува и да ги пропуштите вашите нови шанси за иднината.

Нема жена која не се восхитува на прекрасниот накит од Pandora, па среќни сме да ви презентираме слободно работно место токму за овој бренд и тоа на две локации во Скопје и Тетово. Денес PANDORA стана еден од најголемите светски брендови за накит, присутна во повеќе од 100 земји на шест континенти. PANDORA дизајнира, произведува и продава рачно доработен и современ накит од високо квалитетни материјали по достапни цени. Повеќе детали за работните обврски и услoви може да прочитата ТУКА.

Grant Thorton е мрежа на независни фирми за осигурување, даночни и советодавни фирми, составена од 56.000 луѓе во 140 земји. Повеќе од 100 години им помагаат на динамичните организации да ги реализираат своите стратешки амбиции. Во моментот отворени 2 огласи

РЕВИЗОР
РЕВИЗОР практикант


СофтНЕТ е регионален давател на телекомуникациски услуги во приватна сопственост основан во 1996 година. Следејќи ја својата политика на ширење во Југоисточна Европа, СофтНЕТ ја изгради најнапредната IP мрежа и отвори канцеларии во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија, Романија и Кина каде што има врвни тимови на професионалци. Денес СофтНЕТ ја управува оваа најмодерна меѓународна мрежа која овозможува високо ниво на гласовни, податочни и дополнителни услуги. Тие се развиени исклучиво за компании на кои им е потребна одлична надворешна и внатрешна конекција. Истовремено имаат и отворено работно место за ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ПРОДАЖБА 

Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. нивната цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможат на секој клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови. Во моментот имате шанса да се вклучите на нивниот тим преку 3 отворени работни места во Скопје

ОДГОВОРЕН НА МАГАЦИН
МАГАЦИОНЕР
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА

Aгенција РЕЈТИНГ, нуди консултантски услуги засновани на истражување во сите дисциплини, работат во партнерство со клиенти, поставуваат остварливи цели, развиваат отворена комуникација и нудат интерпретација, увид и совет. Како компанија имаат мрежа од 250 професионални и искусни анкетари, супервизори и координатори од сите региони на земјата.
Тимот на Агенцијата се состои од експерти кои работат според светските трендови во истражувачката и комуникациската индустрија. Нивните специјалисти за комуникација работат на бројни изборни кампањи за централните и локалните власти на Балканскиот полуостров, вклучително и Македонија, Косово и Бугарија и нивните напори се клучни за да се влијае врз јавното мислење и да се постигнат општествени промени. Токму оваа компанија е во потрага по СЕНИОР PR МЕНАЏЕР со примамливи услови за работа и убави бенефити за завршените работни обврски.

Толлакс ДОО Скопје во своето портфолио има 18 Продажни објекти М1 Киоск распоредени во централно градско подрачје, Центар, Кисела Вода, Бисер, Универзална Сала,Соборна црква,Драчево, Ѓорче Петров и 1 Поло Супермаркет. Истите се генерален увозник за неколку брендови од тобако и кондисторската индустрија и нудат вработување на повеќе локации во Скопје

Доколку сте љубители на часовници и накит и сакате да работите со брендирани парчиња ја имаме совршената работа токму за Вас! B- watch вработуваат Специјалист за дигитален маркетинг и Асистент за продажба. 

Биг Бизнис Солушнс со 4 активни огласи за вработување поканува нови талентирани луѓе на позиција маркетинг агенти со познавање на неколку странски јазици. Место за напредок, одлична дружба и мотивација за нови успеси.
Серта ДООЕЛ, како прва компанија во земјата која има добиено ИСО СТАНДАРД сертификати, континурано работи на нови решенија и нови технологии да одржи здрава и чиста средина.
Вредностите на Серта се темелат на грижа за клиентите, вработените и одржување свесна еколошка одговорност низ сите сфери на компанијата. Истите го прошируваат својот тим и имаат отворени огласи за ХИГИЕНИЧАРиАДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК.
ЕВН АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН во изминатите години инвестираше над 360 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и корисничките услуги. Доколку сакате да се придружите на врвниот тим можете да аплицирате за отворената позиција СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ.

Доколку константно сте во акција за пронаоќање на нова работа, задолжително следете не на kariera.mk каде во соработка со компаниите секојдневно се објавуваат преку 50 огласи од различни категории погодни за секој барател на работа.

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот