Надал откри зашто сè уште нема деца

Шпанецот проговори за својот приватен живот и прв пат открива зошто сè уште не станал родител.

Рафаел Надал и Марија Франциска Перело (32) се венчаа минатата година по 14 години врска, а таа е личност која успешно ја избегнува јавноста и не користи ниту една од актуелните социјални мрежи.

Тенисерот Рафаел Надал (34) секоја победа најпрво ја прославува со својата сопруга Ксиска Перело (32) доколку неговата сопруга е во публиката, но таа често ги избегнува рефлекторите и папарацо фотографите.

– Сакам деца и се надевам дека еден ден ќе ги имам. Но, моментно постои мал проблем, сакам деца кога ќе се пензионирам. Мислев дека на 30 години ќе се повлечам, но ја продолжив кариерата – изјави Надал.

„Јас сум личност која сака деца и сум семеен човек“, истакна тој.

Надал и Чиска / EPA/AURELIEN MEUNIER

Рафа и Чиска донесоа заедничка одлука да станат родители по завршувањето на кариерата на тенисерот за да може целосно да се посвети на улогата на родител.

Сопругата на Рафаел Надал не сака веќе да го придружува на турнирите: Постои силна причина за тоа! (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот