Сопругата на Рафаел Надал не сака веќе да го придружува на турнирите: Постои силна причина за тоа! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Рафаел Надал и Марија Франциска Перело (32) се венчаа минатата година по 14 години врска, а таа е личност која успешно ја избегнува јавноста и не користи ниту една од актуелните социјални мрежи.

Тенисерот Рафаел Надал (34) секоја победа најпрво ја прославува со својата сопруга Ксиска Перело (32) доколку неговата сопруга е во публиката, но таа често ги избегнува рефлекторите и папарацо фотографите.

Фото: Профимедиа

Инаку, Марија Франциска Перело, попозната како Ксиска, работи во осигурителна компанија, дипломирала претприемништво, а исто така е и директор на проектот во фондацијата „Рафа Надал“, која промовира лична и социјална интеграција и развој на децата и младите преку спортот во Шпанија и Индија.

Според странските медиуми, Ксиска ја започнала врската со Надал во 2005 година, но тие се познавале многу години порано.

Фото: Профимедиа

Свршувачката беше објавена во јануари 2019 година, а тие се венчаа во октомври истата година. Свадбата ја направија во замокот Ла Форталеза на шпанскиот остров Мајорка, каде што е роден Надал. На свадбата присуствуваа 350 гости, а меѓу нив имаше и бројни познати личности.

Фото: Инстаграм

Двојката нема деца, но Рафаел еднаш изјави дека сака деца и дека се замислува себеси во улога на татко. Тој истакна дека би сакал тој и Ксиска да почекаат, да ја заврши својата тениска кариера за да може целосно да им се посвети на децата.

„Би сакал да имам деца: синови, ќерки … Јас сум личност која сака деца и сум семеен човек“, рече тој.

Фото: Инстаграм

Во едно од ретките интервјуа, Ксиска објасни зошто одлучила сè поретко да доаѓа на тениските натпревари на нејзиниот сопруг. Имено, таа истакна дека сака да ја зачува нивната врска и дека не би сакала да ја нарушува неговата концентрација следејќи го насекаде.

Фото: Профимедиа

„Му треба простор кога се натпреварува и самата идеја да се повлечам и да чекам дали во одреден момент случајно ќе му притребам и целиот тој притисок ме заморува. Тоа би ме задушило и Рафаел во тие моменти би требало да се грижи за мене наместо за играта. Ако го следев насекаде, мислам дека тоа негативно би влијаело и на нашата врска во која одлично се сложуваме“, заклучи таа.

Фото: Профимедиа

Инаку, Ксиска нема профил на социјалните мрежи, а Надал ретко ги споделува нивните заеднички фотографии бидејќи ја почитува приватноста која неговата сопруга ја бара од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот