Надал нема никакви шанси во финалето, Ѓоковиќ е како „робот“!

фото: твитер

Тренерот на најдобриот светски тенисер, Горан Иванишевиќ, знае како ќе заврши финалето в недела на грен слем турнирот „Ролан Гарос“.

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал утре (15.00 часот) во Париз, Франција ќе играат за трофејот, Шпанецот за 12 титула, а Србинот ја брка втората.

Според Иванишевиќ, Рафа нема никакви шанси во завршната битка против Ноле..

Доколку Ѓоковиќ го освои Париз ќе биде „побогат“ за уште 800 поени!

– Целосно сум сигурен дека Надал нема шанси утре. Условите на теренот се многу користи по Новак. Знам дека вложувам многу во ова што го велам, но Ѓоковиќ е главен фаворит. Неговото тело и ум се во одлична состојба – рече Иванишевиќ за „Спорт клуб“.

Свој коментар во пресрет на големото финале имаше и поранешната тениска шампионка Крис Еверт.

– Новак понекогаш не е човечко суштество. Го гледам Надал и гледам воин кој се бори за сè, подготвен да остави крв на теренот. Го гледам Ѓоковиќ и повеќе гледам „робот“, но во позитивна смисла. Менталниот дел од неговата игра е пред сите други, тој е одличен – се зборовите на Еверт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот