Доколку Ѓоковиќ го освои Париз ќе биде „побогат“ за уште 800 поени!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Со пласманот во големото финале на „Ролан Гарос“, најдобриот светски тенисер ја зголеми предноста на АТП листата во однос на второпласираниот Рафаел Надал за уште 480 поени.

Доколку Новак Ѓоковиќ успее в недела да дојде до титулата на грен слем турнирот во Париз (Франција) ќе бидет „побогат“ за уште 800 поени.

Шпанецот не може да освои нови поени, така што српскиот тениски ас веќе го обезбеди првото место на светот до крајот на годината.

Ѓоковиќ пред финалето: Рафа е мојот најголем ривал! (ВИДЕО)

За да го престигне рекордот на Рожер Федерер (310) по бројот на недели на првото место на АТП листата, Ѓоковиќ (289) мора да остане на врвот до почетокот на март наредната година.

Доколку не успее тогаш, Ноле тоа може да го направи и подоцна, поранешниот американски тенисер Пит Сампрас е трет на вечната листата со 286 недели, следуваат Иван Лендл (270), Џими Конорс (268), дури шестопласиран е Надал со 209, зад него Џон Мекинро (170)..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот