Надал гази во Париз, доминираше и против неговиот „фан“! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Кралот на земјата“ уште еднаш докажа зошто и годинава е еден од најголемите фаворити за титулата на „Ролан Гарос“.

Денеска во осминафиналето на грен слем турнирот во Париз (Франција) Рафаел Надал го совлада Американецот Себастијан Корда за вкупно 14 четвртфинале на ова натпреварување.

Шпанецот успеа за скоро два часа да дојде до триумфот со резултат 3:0 во сетови 6:1, 6:1 и 6:2.

Корда пред мечот истакна дека Надал му е негов идол од детството, дури и неговата мачка се вика Рафа.

Надал му препушти само четири гема во целиот дуел, што доволно говори за доминацијата на „бикот од Мајорка“. За пласман во полуфиналето Надал ќе игра против победникот од пресметката Александар Зверев – Јаник Синер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот