На Роџер Вотерс му одбиле престој во хотел во Аргентина и Уругвај, наводно поради антисемитски коментари

роџер вотерс
Роџер Вотерс / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Хотели во Аргентина и Уругвај, наводно, ги отфрлиле резервациите за ко-основачот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс поради обвинувањата за антисемитизам упатени кон британскиот пејач, познат по неговите пропалестински ставови, пренесува Еуроњуз.

Вотерс требал да остане во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес пред концертите закажани за 21-22 ноември, како дел од неговата турнеја „Ова не е вежба“. Сепак, резервациите пропаднале, а хотелите наведуваат дека нема достапност, пишува аргентинскиот весник Паџина 12. Хотелите во Монтевидео, во соседен Уругвај, исто така, одбија да го угостат, но не дале причина.

Пејачот изјави дека како резултат на тоа се уште бил во Сао Паоло, Бразил, каде што настапил пред неколку дена.

„Имав состанок на 16-ти со Хозе Мухика, поранешниот претседател на Уругвај, кој е мој пријател. И не можам да одам затоа што израелското лоби или како и да се нарекуваат себеси ми го откажаа престојот во хотелот“, изјави Вотерс за Паџина 12.

Претседателот на Централниот израелски комитет на Уругвај, Роби Шиндлер, испрати писмо до хотелот „Софител“ во кое го повика да не биде домаќин на Вотерс, објави Паџина 12.

„Вотерс ја искористува својата слава како уметник за да лаже и да ја исфрли својата омраза кон Израел и сите Евреи“ рече Шиндлер, според Паџина 12.

Вотерс со години е опколен со обвинувања за антисемитизам. Постојат остри критики од страна на американската влада, при што Стејт департментот рече дека Вотерс има „долго досие во користењето антисемитски слогани за оцрнување на еврејскиот народ“.

„Тие го прават тоа затоа што верувам во човековите права и отворено зборувам за геноцидот над палестинскиот народ“, рече Вотерс.

Вотерс неодамна ги разбесни обожавателите за време на шоуто во Лондон и имаше силни критики за него на интернет, откако многумина се огласија на Икс за да ја нападнат документираната поддршка на Вотерс за Палестина по нападот на Хамас против Израел на 7 октомври.

Во неодамнешното интервју со новинарот Глен Гринвалд, Вотерс рече дека ненадејниот напад на милитантите на Хамас во Израел „беше непропорционален од страна на Израелците што измислуваа приказни за обезглавување бебиња“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот