Фото: илустрација / Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

На млад прилепчанец дома му нашле три вида дрога и секакви пушки и пиштоли

Тројца млади прилепчани се уапсени поради трговија со дрога и оружје, а во домот на главниот осомничени полицијата открила импресивна колекција разни пушки и пиштоли, како и три вида дрога и украдени предмети, соопшти МВР.

Кривична пријава добија Б.С.(23), Р.Т.(22) и Б.Н.(25). Тие се осомничени за трговија со дрога, трговија со оружје, фалсификување на оружје и уште некои кривични дела.

„При претрес кај првопријавениот Б.С. биле пронајдени и одземени: кокаин, марихуана, амфетамин, средства за провалување и различни предмети кои потекнуваат од тешки кражби, пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски пиштол, автоматско огнено оружје, делови од оружје и куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола. Првопријавениот, со намера да изврши фалсификување на ознаките на автоматските пиштоли со електрична брусилка извршил механички интервенции на двата пиштоли во содејство со второ и третопријавениот со намера да се стекнат со противправна имотна корист“, велат од полицијата.

Петмина тетовци дрогирале и продавале 15-годишно девојче, се изживувале повеќе од една година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот