На денешен ден е родена принцезата Дијана: Нејзините синови требало да носат други имиња, но нејзината желба победила (ФОТО)

Да е жива принцезата Дијана денес би била свекрва и баба на четири внучиња…

На денешен ден 1961 година е родена Дијана Спенсер. На точно 20 години Дијана се омажи за наследникот на британскиот престол, принцот Чарлс, и веднаш стана најпознатата жена во светот.

инстаграм

Денес на Лејди Ди се сеќаваат бројни фанови на Инстаграм, како и медиумите ширум светот. Иако од нејзината смрт поминаа речиси 23 години, за принцезата се уште речиси секојдневно излегуваат текстови и нови детали од нејзиниот живот кои досега не и беа познати на јавноста.

Доколку таа беше жива, денес ќе им беше свекрва на војвотките Меган и Кејт и баба на четири внучиња.

инстаграм

„Independent“ издвои неколку факти кои многумина не ги знаеле за принцезата, а на многу највпечатлив им бил фактот дека и покрај својата положба во кралското семејство таа ги избрала имињата за принцовите Вилијам и Хари.

инстаграм

Чарлс, како што се наведува, сакал Вилијам да се вика Артур, а помладиот син сакал да го нарече Алберт. Сепак, желбата на Дијана победила.

инстаграм

За целиот свет таа беше пример за посветена и грижлива мајка. Таа ретко му се покоруваше на принцот Чарлс или пак на кралското семејство и често беше непопустлива кога стануваше збор за децата. Таа му се спротивстави на кралскиот обичај на обрежување, ја отпушти кралската дадилка и ангажираше друга по нејзин избор, покрај изборот на училиште и облека таа ги планираше и нивните излети и ги земаше од училиште толку често колку што и дозволуваа обврските.

инстаграм

Принцезата Дијана поголем дел од својот живот го помина помагајќи им на другите, волонтирајќи и поддржувајќи ги беспомошните. Често беше во медиумите поради начинот на живот, таа едноставно сакаше да живее многу поедноставно од принцезите, сакаше да биде „Принцеза на срцата“, како што изјави во едно свое интервју.

инстаграм

Често не беше добро прифатена во кралското семејство, а мислењата за неа во кралскиот двор беа поделени. Но, Дијана во јавноста навистина беше „Принцеза на срцата“ бидејќи јавноста едноставно ја обожаваше. Нејзиниот мил лик предизвикуваше насмевка и восхит кај секого.

инстаграм

По барање на кралицата Елизабета за крај на бракот меѓу Дијана и принцот Чарлс, таа се разведе од принцот Чарлс, а разводот беше официјализиран на 28 август 1996 година. Таа по разводот морала да потпише и документ за приватност, односно дека нема да оддава тајни од кралскиот дворец во јавноста. Многу извори тврдат дека таа била „советувана да исчезне“ од јавноста и светот, но можеби погрешила што не го послушала тој совет.

инстаграм

Принцезата Дијана трагично загина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година во Париз заедно со нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот