На 92 години почина Робин Паркинсон, актерот од култната серија „Ало, Ало“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Робин Паркинсон, британскиот актер најпознат по улогата на Леклер во култната хумористична серија „Ало, Ало“, почина на 92-годишна возраст.

Паркинсон уште во седумдесетите беше добро познато лице во англиските комедии, а во „Ало, Ало“ глумеше од 1991 до 1992 година. Освен во таа серија, тој глумеше и во комедите „The Young Ones“, „Dad’s Army“ и „The Two Ronnies“ и други.

Веста за смртта на актерот во јавноста ја соопшти неговото семејство:

„Робин Паркинсон, актер познат по „Ало, Ало“ и како глас од детската емисија „Button Moon“, почина мирно на 92-годишна возраст, а покрај него беа сопругата и ќерката“.

Неговите обожаватели најдобро ќе го паметат по една од највпечатливите реченици во серијата: „Јас сум Леклер!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот