MЗТ се намачи, но дојде до победа против ТФТ

Фото: МЗТ Скопје

Tимот на МЗТ Скопје по една голема борба славеше победа одо 79:77 во првиот меч од полуфиналната серија во плеј-офот.

Беше МЗТ фаворит, но до победата дојде потешко од очекувањата, ТФТ даде сериозен отпор, но не успеа да го изненади.

Неизвесно беше од саиот старт. МЗТ најчесто имаше водство, меѓутоа не успеваше да направи посериозна разлика. Првите десет минути ги добија аеродромци со 22:18, најмногу благодарение на серијата од 5:0 во завршницата.

ТФТ во втората четвртина успеа да го сврти резулттатот и да поведе со 32:29, сепак МЗТ се врати и на полувремето замина со предност. Не се откажуваше ТФТ и продолжи да му прави проблеми на фаворитот. Имаа и водство од 72:70, сепак МЗТ со подобар финиш дојде до победа.

Најефикасен беше Војдан Стојановски со 16 победи, додека Дамјан, Танасковиќ и Делалиќ постигнаа по 15. На спротивната страна Тошковски уфрли 24 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот