МВР: Кривична пријава за полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески

фото: Драган Митрески - Слободен печат

По завршувањето на финалето од ракометниот Куп на Македонија помеѓу РК Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер во салата „Билјанини извори“ во Охрид се случи сериозен инцидент.

Полициски службеник со пендрек го удри играчот на скопските „црвено-црни“, нашиот репрезентативец Филип Талески.

Левиот бек во намерата да спречи турканица помеѓу неколку ракометари од двете екипи, без никаква причина беше удрен со пендрек во глава.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка – стои во објавата на МВР.

ВИДЕО: Голем инцидент, полицаец со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески

Ударот кон Талески е удар врз целиот македонски спорт!

Ударот кон Талески е удар врз целиот македонски спорт!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот