Ударот кон Талески е удар врз целиот македонски спорт!

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Постојат шпекулации за тоа зошто полицаецот реагирал на таков начин и некакво неспортско однесување на Талески, меѓутоа што и да се случило полицаец дојден да обезбедува спортски натпревар НЕ СМЕЕ, едноставно не смее НИКАКО да си дозволи така да реагира.

Вчерашното финале во Ракометниот Куп на Македонија помина одлично и без никакви инциденти, сѐ до моментот кога по завршувањето на мечот го видовме најсрамниот инцидент на спортските терени кај нас во последните години.

Сме биле сведоци на тепачки и пресметки помеѓу навивачи и тие никако не се за оправдување, но вчера бевме сведоци како униформиран полицаец го удира ракометарот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Филип Талески.

Неверојатно, шокантно, но и жална за македонскиот спорт беше таа сцена. Не боли толку ударот, колку што тој е удар врз спортот во нашата држава кој и онака не е на некое завидно ниво.

За сцената од македонските терени известуваа и новинари од регионот кои со чудење пренесуваа за тој момент, веројатно и тие требаше повеќепати да го погледнат видеото за да се уверат дека е вистина тоа што го гледаат…

Има шпекулации за тоа зошто полицаецот реагирал на таков начин, дека на тоа му претходело некакво несоодветно однесување на Талески, но што и да се случило – полицаец дојден да обезбедува спортски натпревар НЕ СМЕЕ, едноставно не смее НИКАКО да си дозволи така да реагира.

Санкции кон полицаецот сѐ уште нема, но јавноста која очекувано е на страна на Талески бара тој најостро да се казни. Доблесно би било тој барем јавно да се извини, иако тоа не би го намалило срамот за овој инцидент.

УДАРОТ КОН ТАЛЕСКИ Е УДАР НА СПОРТОТ!

ВИДЕО: Голем инцидент, полицаец со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот