ВИДЕО: Голем инцидент, полицаец со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески

фото: Драган Митрески - Слободен печат

Финалето во ракометниот Куп на Македонија му припадна на Вардар 1961 кој го одбрани трофејот со победата над РК Еурофарм Пелистер.

Како и секогаш овие две екипи, моментно најквалитетни во нашата земја, привлекуваат најголемо внимание.

Така и овојпат беше доста тензично, во и надвор од паркетот, а по завршувањето на натпреварот дојде и до голем инцидент.

Најдебелиот крај го извлече македонскиот репрезентативец Филип Талески кој во намерата да ја смири ситуацијата, без никаква причина беше удрен со пендрек во главата од еден од полицајците.

Погледнете на видео записот како изгледаше сето тоа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот