МП: Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на Игор Спасов

Фото: МИА

 Бугарските органи одговорија позитивно по барањето за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, информираат денеска од Министерството за правда.

– По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, се вели во соопштението од МП.

Барањето за екстрадиција, се вели во соопштенито, е потпишано од министерот за правда Бојан Маричиќ на 10.02.2021 година.

Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР – Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот