Мото спортот завиен во црно: Почина 15-годишен мотоциклист, роднина на Мого ГП ѕвезда

Берта Вињалес беше роднина на Маверик Вињалес кој вози во Мото ГП шампионатот/принтскрин: twitter

Младиот шпански мотоциклист Берта Вињалес (15) го загуби животот во трката од Суперспорт 300 првенството во Херез.

Тој доживеа повреди на главата и градите, а иако медицинските возила веднаш пристигнаа на местото на несреќата и дадоа се од себе да го одржат Берта Вињалес во живот, младиот мотоциклист им подлегна повредите.

Берта Виљалес беше роднина на еден од најдобрите мотоциклисти на денешницата, Маверик Вињалес кој од 2015 година се натпреварува во Мото ГП шампионатот.

Несреќниот Берта Вињалес кој возеше за „Вињалес рејсинг тим“ се судри во 11 круг со уште тројца мотоциклисти по што трката беше прекината.

„За време на трката се случи сериозен инцидент во кој за жал Берта Вињалес им подлегна на повредите и и покрај големите напори на лекарите“, објави Медицинскиот центар во Херез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот