Мото ГП: Бањаја ќе стартува од пол позицијата во Мизано

Бањаја беше најбрз во квалификациите во Алгарве/ фото: EPA-EFE/DAVIDE GENNARI

Франческо Бањаја ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Емилија Ромања која ќе се вози во Мизано во Мото ГП категоријата.

Возачот на Дукати уште на првото појавување на патеката во Мизано постави време од 1:33.045 минути и во беше убедливо најбрз, а во тие моменти зад него беше Икер Лекуона. Но, на второто изненадување на патеката, Џек Милер успеа да го постави второто најдобро време, додека третата позиција на утрешната трка ја обезбеди Лука Марини.


Ова ќе биде прв пат Марини да стартува од првиот стартен ред на една Мото ГП трка.
Лидерот во генералнот пласман Фабио Квартараро имаше катастрофални квалификации и го освои 15 место, притоа не успевајќи да обезбеди пласман во втората квалификациска сесија.

Моментно Квартараро има 52 бода повеќе од Бањаја во генералниот пласман и се очекува голема борба помеѓу овие двајца возачи на последните три трки сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот