Мора да внимаваме: Оваа храна содржи канцерогени материи!

Бројни истражувања направени во неколку земји дошле до ист заклучок: Одредени прехрамбени производи се директно поврзани со создавањето на малигни болести

Сте знаеле ли дека доколку јадете четири парчиња сланина или еден хот дог сендвич секој ден, си ги зголемувате шансите за рак на дебелото црево за цели 60%, како и за рак на панкреасот за 19%?

Денес не е тајна дека одредени производи предизвикуваат настанување и развој на хронични заболувања како што се: гојазност, дијабетис тип 2, рак, кардиоваскуларни болести, а се повеќе истражувања докажуваат дека храната е тесно поврзана и со расположението.

Бројни истражувања направени во неколку земји носат до истиот заклучок: Одредени прехрамбени производи се директно поврзани со создавањето на малигни болести, како рак на дебелото црево, рак на желудникот и рак на грлото.

Кои навики во исхраната и кои прехрамбени производи ја згoлемуваат појавата и напредокот на малигните болести?

• Недоволното конзумирање производи од цело зрно, како житарки и црн леб;

• Реткото консумирање или исклучувањето на зеленчуците и овошјата од исхранатe;

• Исклучување на млекото од исхраната;

• Конзумирањето преработено месо и претерано конзумирање црвено месо;

• Конзумирањето слатки и газирани пијалоци;

Постои листа на прехрамбени производи кои провоцираат настанување и развој на тумор, кои се делат на неколку групи храна и греба да се трудите да ги избегнувате најмногу што можете:

1. Бел и преработен шеќер – Колку порано се збогувате со тивкиот убиец наречен бел шеќер, толку пореволуционерно ќе се чувствувате. Да, јасно ни е дека сите највкусни слатки задоловства најчесто не се добри за нас, што е доволна мотивација да престанете да се „убивате“ со шеќерот. Ова важи и за љубителите на незаменливата Нутела: Она што ја прави така мазна и кремаста нејзината текстура е палминото масло, а кога тоа ќе се загрее на 392 степени, станува канцерогено.

2. Преработено месо – Во ред, точно е дека тешко е да се одолее на добар кулен, свежа шунка, миросот на сланина или топлите колбаси, но да бидеме реални, дали вреди краткото задоволство предизвикано од некој тип на месо, трајно да го загрозува нашето здравје? Многу истражувања потврдија дека  доколку сакаме да уживаме во месото, мора да се потрудиме тоа да биде домашно, односно природно.

3. Црвено месо и месо приготвено на висока температура – Кога месото се приготвува на многу висока температура, се создаваат канцерогени хемикалии. Честото конзумирање на пржено, поховано и месо печено на скара се поврзува со рак на дебелото црево, панкреасот и простата. Се препорачува месото да го варите или печете, како и да го маринирате пред приготвувањето за да го спречите создавањето на канцерогените хемикалии.

4. Пржена храна на висока температура – Компирот, лебот и оризот се богати  со многу скроб, а при нивна термичка обработка на повисока темерпатура и подолг период (како печење, пржење, тостирање и сл.) се создава супстанца наречена акриламид – од неа доаѓа неодоливата златно жолта боја, карамелизиран вкус и мирис. Иако е навистина многу вкусна, научницте предупредуваат дека канцерогена кај човекот. Чипс и помфрит – чао!

5. Бело брашно, бели пецива, било што лиснато – Ова веќе на сите ни е јасно, па затоа само на кратко ќе ве посоветуваме дека крајно време е да се потрудите да ги исфрлите лебот, пецивата и лиснатото тесто од вашата рутина и да ги замените со леб и житарки од цело зрно.

6.  Пуканки во микробранова печка – До сите љубители на оваа нискокалорична закуска: не е до пуканките, и можете слободно да си ги конзумирате како и досега, приготвени во длабок сад. Она што ги прави канцерогени е хартијата во која „пукаат“ бидејќи испушта хемикал наречени PFOA, кој е навистина многу штетен за нашето тело и се поврзува со неколку типа на рак, како рак на дебелото црево и рак на желудник.

Не заборавајте да го намалите и внесувањето на алкохолот.

Што порачуваат експертите?

Експертите советуваат да се придржувате до здрава, разновидна исхрана, која вклучува намирници од цело зрно, а да се збогувате со преработената храна, шеќерот и црвено месо. Исто така, не е толку страшно доколку јадете производи од горенаведената листа, но потрудете се тоа да биде ретко и балансирано со многу овошје, зеленчуци и здрави пијалаци. Во најризичната група се лицата над 40 години. Во време кога многу малку се движиме и јадеме брза храна, неопходно е секој ден да пешачиме и тоа најмалку 30 минути, да пиеме околу 2 литри вода, но и да направиме детоксикација на организмот барем двапати неделно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот