Младинците на таеквондо клубот Бутел со 14 медали на турнирот во Ниш

Врвни резултати за младинците на ТК Бутел во Ниш, Србија/фото: facebook.com/Taekwondo-Klub-Butel

Македонското таеквондо има големи надежи и тоа се потврдува со новите успеси на меѓународната сцена.

Младинците на таеквондо клубот Бутел остварија врвни резултати на меѓународниот турнир во Ниш, Србија, каде освоија вкупно 14 медали.

Учинокот на нашите млади таеквондисти е три златни, четири сребрени и седум бронзени медали.

Таеквондо клуб Бутел екипно за севкупен пласман доби пехари за второ место на турнирот во јуниорска и пионерска категорија.

Клубот воедно информира дека најдобар борец е Дарко Георгиевски кој се закити со злато кај јуниорите во категоријата до 63 килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот