Митревски: Ќе треба многу ангажираност и концентрација на мечот со Швајцарија!

Никола Митревски, голманот на македонската ракометна репрезентација/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската сениорска репрезентација в недела (2 мај) од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе го игра последниот шести квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство против Швајцарија.

„Црвено-жолтите“ веќе се промовираа како учесници на следното ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, а нашиот голман Никола Митревски се надева дека победнички ќе се заврши овој квалификациски циклус, иако е тој свесен дека пред себе ќе имаат противник кој доста напредуваше во својата игра од последниот меѓусебен дуел кој го добивме лани во ноември во Шафхаузен со 23:25.

– Со оглед на тоа што успешно ги завршивме овие квалификации и веќе обезбедивме пласман на Европското првенство, кое е 11-то големо натпреварување по ред за Македонија, ни останува уште последниот натпревар кој за нас нема резултатско значење, но мислам дека послатко и поубаво нешто од победа во репрезентативниот дрес нема, така што сите сакаме да победиме во недела и се подготвуваме за тоа.

Добиваме доста податоци од стручниот штаб што и како треба да играме, мислам дека ќе биде доволно подготвени за да покажеме една солидна и добра игра и го крунисаме овој квалификациски циклус со триумф.

Миркуловски: Доколку ги спречиме Шмид и Рубин, ќе се радуваме во недела!

Швајцарците доста напредуваа, тоа го покажаа и на Светското првенство, имаа многу добри натпревари, сега и последниот против Данска. Не се некоја светска велесила, но имаат многу квалитетни и искусни играчи кои знаат што прават и што сакаат во напад. Ние имаме солидна одбрана и за да одговориме на тој нивни напад, ќе треба многу ангажираност, многу концентрација за да се спречат нивните напади.

Имаме ден-два да ги завршиме тие договори и тактички замисли на стручниот штаб како треба да изгледа нашата одбрана. Против Финците ги потрошивме тие промашени шутеви, како и на празен гол, се надеваме дека на следниот дуел ќе бидеме поефикасни во завршницата – изјави Митревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот