Миркуловски: Доколку ги спречиме Шмид и Рубин, ќе се радуваме во недела!

филип миркуловски
Филип Миркуловски со своето искуство ќе се обиде да помогне во текот на мечевите на ЕП 2022/Фото: EPA/JACEK BEDNARCZYK

Филип Миркуловски кој се врати во репрезентацијата, но и воедно како помошник на Кирил Лазаров во стручниот штаб, се надева дека победнички ќе се заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство.

Ние сме веќе на континенталниот собир, популарниот „Жути“ вели дека в недела доколку одиграме добро во одбраната како што тоа го направивме против Финците во второто полувреме, а воедно ги спречиме најголемите опасности на Швајцарија в недела (18.00 часот, СЦ „Јане Сандански“ – Скопје), бековите Шмид и Рубин можеме да се радуваме на уште една победа.

– Ние сме тука 23 играчи што е доста доволно да играме два квалитетни натпревари во овој период. Со Финска малку се намачивме, ни се случува и нам да не реализираме неколку зицери, пенали, нивниот голман имаше добра партија тој ден. Важно е дека победивме со пет разлика што е сосема добро и кога играш лошо.

Во недела ќе играме против Швајцарија, за нив да се биде или не, а за нас нормално ќе бараме нови два бода, за првпат да имаме вкупно 10 бода во едни европски квалификации. Ќе биде тешко, Швајцарците ќе го дадат максимумот да одат на ЕП, но ние сме доволно подготвени да одговориме со победа.

Да, фрустрира тоа кога на еден натпревар нема да реализирате шест пенали, или 10 зицери, но добро се снајдовме, не нè фати паника. Одигравме квалитетно во одбраната, таа за нас е број 1. Треба секогаш да играме така како во второто полувреме кое го имавме против Финците. И токму одбраната беше причината што имавме поголема реализација во нападот.

Сигурно би ја победиле Швајцарија со подобра одбрана, напаѓачки ривалите се доста спремни. Го знаеме Енди Шмид, еден од најдобрите средни бекови во Бундеслигата, тука е и левиот бек Лени Рубин кој е мој клупски колега во Вецлар, доколку ги спречиме нив двајца, со наша добра одбрана, ќе се радуваме во недела – изјави Миркуловски.

Лазаров: Без Манасков против Швајцарија, мора да се подобри реализацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот