Кирил Лазаров
Македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров блеска и на 41 година/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лазаров: Без Манасков против Швајцарија, мора да се подобри реализацијата

Македонската сениорска репрезентација се подготвува за последниот шести натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство против Швајцарија в недела во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со почеток од 18.00 часот.

Овој меч нема никакво резултатско значење, нашите најдобри ракометари предводени од селекторот и капитен Кирил Лазаров веќе обезбедија учество на следниот континентален собир кој ќе се одржи на почетокот од 2022 година во Унгарија и Словачка.

Можеме да го освоиме и првото место во квалификациската група, со победа над Швајцарците, а Финска приреди изненадување против Данска, но актуелниот светски шампион сигурно нема да дозволи такво нешто.

– Во Финска имав чувство дека игравме лошо, но после двапати прегледаниот натпревар самата вечер и утредента заклучив дека одигравме добар меч и офанзивно и дефанзивно во сите сегменти на ракометната игра. На состанокот им реков дека не бев задоволен и го кажав моето мислење по натпреварот. Им се извинив и видов дека одигравме квалитетно, им честитав на победата. Воопшто не е лесно да играте против било кој ривал, гледате дека и во другите дуели од квалификациите аутсајдери победуваат фаворити.

Треба да поработиме повеќе овие денови на реализацијата пред дуелот со Швајцарија. Задоволен сум како работиме, се чувствуваме добро. Дејан Манасков отпадна од комбинација, се надевам дека неговата повреда не е сериозна. Наше е да создаваме играчи на таа крилна позиција, и еве шанса да покажат што знаат. Атмосферата е одлична, на сите ќе им значи многу доколку триумфираме против Швајцарија, една екстра квалитетна репрезентација, тоа им го кажав на моите ракометари. Швајцарија на последното СП направи им проблеми на сите селекции. Тоа не е истата репрезентација која ја победивме лани пред Мундијалот, имаат многу промени во состав, стратегиски и тактички.

Тешко е да се подготвуваш за таков тим, но ние имаме доволно време, ќе пробаме за душа, за Велигден, да покажеме квалитетен меч и победнички да го завршиме квалификацискиот циклус – изјави Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот