Мисли кои потполно го уништуваат имунитетот на човекот!

Unsplash/Thibault Debaene

Најплодна основа за опстанок на вирусите и инфекции во организмот е деструктивната енергија, која се раѓа кај личност поради таложење на деструктивни мисли, ниска самодоверба или чувство на губење на смислата за животот.

Негативните вибрации – губење надеж, голема тага, губење на драга личност – предизвикуваат пад на имунитетот и прават основа за појава на вирус во телото.

Кога ќе се дојде до вирусна инфекција, доколку условите за нејзиниот развој во телото се поволни, вирусот почнува да ги собира сите негативни информации кои постојат во телото, а кои се кријат на многу места во организмот. Се прави еден специфичен криг – личноста размислува на еден негативен начин и така се чувствува, а потоа со тоа ги привлекува патогените. Тој круг дозволува вирусот да се размножува и да ја креира енергијата на инфекцијата.

Како вирусот станува дел од човекот?

Патогенот влегува во телото и постепено се интегрира во клеточната структура, за да ја уништи. Тогаш стручните лица ни препишуваат антивирусни лекови, но научниците кои го изучуваат ефектот на емоциите и начинот на размислување на здравјето, велат дека е невозможно во потполност да го елиминираме вирусот доколку и понатака го храниме, а тој наводно се храни со нашите негативни мисли и чувства.

Тие веруваат дека се додека човекот не го промени својот став кон животот и начинот на размислување, ќе остане поподложен на вирусите во однос на позитивните луѓе. Како пример го наведуваат фактот што младите луѓе кои се некакви пресметки во глобала посреќни и полни со живот, помалку се разболуваат. Како што созреваме и се соочуваме со потешкотии, посклони сме кон негативности и токму тоа е она што не прави поподложни на болестите.

Исто така, тие наведуваат дека главниот виновник за наглото влошување на состојбата на некоја болест е стресот! Всушност, тоа е моментот кога ќе се предадеме на негативните емоции – очај, омраза, сожалување… Тоа е моментот кога вирусот зема поголем замав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот