Министерот Димковски најавува рестартирање и јакнење на улогата на Институтот за ориз

– Доколку нема луѓе кои ќе работат посветено на проблематиката за контролирање и создавање семенски материјал, ќе доаѓаат фирми од странство и ќе промовираат свое производство и семе, а сите имаат засебен и сопствен интерес, истакна министерот Димковски.

Заради одржување на досегашните и креирање нови сорти ориз неопходно е рестартирање и јакнење на Институтот за ориз во Кочанско изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски, при денешната средба со оризопроизводителите од овој регион.

– Институтот за ориз во Кочани подолго време се соочува со кадровски и технички недостатоци. Ако нема нови вработувања, ако нема нови луѓе таму кои ќе работат посветено на проблематиката за контролирање и создавање семенски материјал, ќе доаѓаат фирми од странство и ќе промовираат свое производство и семе, а сите имаат засебен и сопствен интерес, истакна министерот Димковски.

На средбата со земјоделците од регионот, Димковски разговараше и за употребата на заштитните препарати и нивната контрола при увоз од страна на Државниот инспекторат за земјоделство.

Дополни и дека се вложува во подобрување на условите за земјоделското производство, пред сè во системите за наводнување, а како пример за тоа го посочи почетокот на изградбата на браната Речани кај Кочани, која ќе овозможи наводнување на нови 1.500 хектари земјоделско земјиште.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот