Милошоски: Ако Димовски не му кажал на Ковачевски за Онишченко, тогаш тој не е премиер

Фото: Принтскрин

Дали во времето додека сте премиер, директорот на АНБ Виктор Димовски и советникот за национална безбедност ве информираа дека рускиот разузнавач и украинскиот тајкун Олександар Онишченко, баран со потерница за перење пари и е на црната листа на САД, дека вакво лице барало државјанство и дали бевте запознаени со оваа тема, го праша премиерот Димитар Ковачевски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања.

Ковачевски одговори дека Владата оддржала затворена седница на која директоротна АНБ информирал, но дека тој не смее да сподели информации од затворена владина седница. Ковачевски повтори дека за 20 дена АНБ ќе добие нов директор.

Милошоски незадоволен од одговорот на премиерот, рече:

-Кога премиерот е прашан дали знаел во тие пет месеци дека руски шпион барал државјанство и кога не одговара, значи дека тојне знаел, него не го третирале бидејќи таму малку премиер е Зоран Заев, малку премиер е Атан Груби, малку Ковачевски и малку Миле Зечевиќ. Не прашав детали, туку дали премиерот знаел. Во тие пет месеци, Ковачевски два пати се среќава со Димовски. Ако Димовски не му кажал на Ковачевски дека ваков руски шпион поднел барање за државјанство тогаш Ковачевски не е премиер. Се работи за еден од најблиските разузнавачи на Путин, а на американската Влада има седум лица од цел свет кои се на црната листа, а четврти е Онишченко. Онишченко воспставил врски во Мкаедонија кога Заев е премиер и тоа за увоз на гас. Но Ковачевски не смеел да одлучи поинаку – рече Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот