Милков: Натпреварот против Финска е најважен

Нешто повеќе од 24 часа (утре 17.30 ч.) ја делат македонската одбојклрска репрезентација од историскиот настап на Европските првенства. Во Љубљана, Словенија, првиот противник на избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ е селекцијата на Финска.

– Конечно доаѓа натпреварот за кој се подготвувавме цело време. Деби настапот на ЕП против Финска е најважниот натпревар за нас. Добро сме подготвени, последниве два дена работевме во Марибор, имавме и мал одмор но и квалитетно ги одработивме тренинзите – вели најискусниот репрезентативец, Александар Милков.

Денешниот ден, одбојкарите ќе го поминат во видео анализа на првиот противник и подготвување на тактиката за Финска која е фаворит, но само на хартија.

– Сега почнуваме да ги гледаме видеата од играта на противникот и да ја подготвуваме тактиката. Најважно ни е што сите сме здрави и подготвени за настап. Се наоѓаме во оптимална форма и тоа пред најважниот натпревар на ЕП кој многу ќе ни отвори доколку го добиеме. Најголем адут ќе ни биде мотивацијата. како и на секој натпревар кога сме играле против фаворит на харитја, секогаш сме успеваме да ги победиме поради мотивацијата и колективната игра. Докоолку сакаме да победиме, сервисот и приемот мора да ни бидат на посакуваното ниво – вели Милков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот