Мицкоски најави 17 нови инвестиции, 5.000 работни места, 650 милиони евра…
Премиерот Христијан Мицкоски денес во изјава за медиумите најави вкупно 17 инвестиции во вредност од околу 650 милиони евра, кои треба да отворат 5.000 нови работни места. Тие, според Мицкоски, биле „почнати, се реализираат или се во фаза на договарање“.
Препорачано
„Мојата борба е да донесеме свеж капитал. И кога доаѓа моментот кој треба да направи разлика меѓу нас и нив од СДСМ и ДУИ, е фактот што со огромно задоволство најавувам дека инвестициите коишто или се почнати, или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИРЗ зоните изнесуваат околу нови 650 милиони евра, тоа се 17 инвестиции коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места. Ете тоа е нашата борба“, посочи Мицкоски.
Мицкоски потоа потроши некое време да објасни колку неговата влада била подобра во сите економски резултати од претходната влада, споредувајќи апсолутни проценти на економски раст во годините кога на власт беа СДСМ и ДУИ.
„Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и онаа влада која што ја водеше СДСМ. Во 28 квартали, влада СДСМ – ДУИ, имаме реален раст на македонската економија од скромни 2%. Во првите шест квартали од нивното именување, односно избор како влада, па и ако кажам именување нема да погрешам бидејќи знаете како беа октруирани, тогаш како влада после оној политички инженеринг којшто се случуваше во 2017 година. Во првите шест квартали имаа раст од 2%, во првите шест квартали од оваа власт, просечниот раст на македонската економија, реален раст е 3,5%, скоро двапати повеќе, изјави Мицкоски, без да наведе, како што би било ред, дека во повеќето години од владеењето на СДСМ и ДУИ имаше пандемија и/или економска криза.
СДСМ го откажа традиционалниот марш за 8 Март, ќе се приклучи на протестот „Нема да не снема“


