Фото: Инстаграм/Миа Костова

ФОТО | „Се враќам кај што ми е срцето“: Миа Костова отпатува од Македонија

„Некои работи не се купуваат со пари. Ама, тоа не важи за Швајцарија“, напиша водителката и инфлунсерка Миа Костова на нејзиниот инстаграм-профил.

Таа во моментов е на патување во Швајцарија заедно со синот Андрија и нејзината пријателка Тијана Скулиќ.

„Уште еднаш потврдивме дека носиме сонце“, напиша Миа понатаму во објавата.

Фото: Инстаграм/Миа Костова
Фото: Инстаграм/Миа Костова

Претходно, таа објави слика од Луцерн и порача: „Ако имате шанса, да го ставите на список под точка обавезно“.

Фото: Инстаграм/Миа Костова

Патувањето во Швајцарија, за Миа започна во Базел.

„Често кога бирам дестинација за следно патување, не бирам нова туку се враќам кај што ми е срцето“, објави таа на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Миа Костова

При крајот на октомви минатата година, Миа со синот беше на Кипар. Патувањата се голема страст на Костова. Во мај лани, таа беше на Малдивите.

Инфлуенсерката и поранешна водителка одлучи со емотивна објава на социјалните мрежи да ја испрати 2025 година. Во видеото во кое Миа прикажува низа моменти од нејзиниот живот што ја одбележале изминатава година, таа им се заблагодари на своите најблиски, но и на сите следбеници на социјалните мрежи.

„Годинава научив дека најважно е да немаш лекции од годината што изминала. Мојата беше таква, бескрајно сум му благодарна на Бога што ми ги чуваше сите, што ме чуваше мене и што уживав доверба кај сите соработници а уживав доверба и кај вас драги мои“, објави Миа.

ФОТО+ВИДЕО | Миа Костова го прослави 41. роденден во интимна атмосфера со најблиските пријателки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот