МИ: Бронза за Георгиевски, поради стомачен вирус не настапи во полуфиналето

фото: Македонски олимписки комитет

Дејан Георгиевски го заврши настапот на Медитеранските игри во Оран (Алжир) со освоена бронза, иако имаше амбиции да атакува на златниот медал.

Македонскиот таеквондист по победата во четвртфиналето над Египќанецот Ахмад Мохамед, во полуфиналето требаше да се бори против Ајуб Басел од Мароко.

Нашиот натпреварувач денеска имаше исклучително силна дехидратација поради високо интензивен стомачен вирус и затоа не настапи во полуфиналната борба. Заради доброто на нашата олимписка икона, од тимот одлучија да биде прекинат денешниот поход.

Во оваа категорија бронзен медал освои и Италијанецот Роберто Бота, а во финалето Хрватот Иван Шапина со 35:25 го совлада Басел.

За нашата земја ова е трет медал на МИ, претходните два беа од борењето, „бронзен“ беше и Владимир Егоров, а со злато се закити Магомедгаџи Нуров.

Во понеделник (4 јули) ќе настапат останатите македонски таеквондисти, во категоријата до 67 кг. во осминафиналето Анамарија Георгиевска ќе се бори против Зорана Сандиќ од Босна и Херцеговина.

Потоа, во категоријата до 58 кг. во осминафиналето Марко Аврамоски за ривал го има Мароканецот Јусеф Боатрис, а од осминафиналната фаза ќе започне и Филип Додевски во категоријата до 80 кг. во која силите ќе ги одмери со Хусејин Картал од Турција.

Трстена: Борачите успеаја, срамота е што другите македонски спортисти не освоија медал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот