ВИДЕО: Таеквондистот Георгиевски е полуфиналист по победата над Египќанецот Мохамед

Дејан Георгиевски оствари тесна победа над Ахмад Мохамед/Фото: Македонски олимписки комитет

Во една крајно неизвесна борба најдобриот македонски таеквондист обезбеди полуфинале на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Дејан Георгиевски во категоријата над 80 килограми во четвртфиналето триумфираше со тесен резултат 20:18 над Ахмад Мохамед од Египет.

Во полуфиналето (денеска 18.45 часот по македонско време) нашиот натпреварувач ќе ги одмери силите против Ајуб Басел од Мароко кој со 9:6 го елиминираше Турчинот Емре Куталмис Атесли.

Во второто полуфинале силтие ќе ги одмерат Иван Сапина (Хрватска) и Роберто Бота (Италија).

Претходно настапи Сања Поповска која во осминафиналето во категоријата до 57 кг. загуби со 7:5 од Ашракат Дарвиш (Египет).

Според програмата в понеделник (4 јули) треба да настапат уште двајца наши таеквондисти, Марко Аврамоски во категоријата до 58 кг. и Анамарија Георгиевска во категоријата до 67 кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот