Менаџерот на Ед Ширан по четри години откри – Принцезата Беатрис под дејство на алкохол мафтала со меч и му го пресекла образот на пејачот

Фото: EPA/VICKIE FLORES и NEIL HALL

Во интервјуто кое го даде, менаџерот на Ед Ширан не беше ниту најмалку фин и културен на сметка на постарата ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон, принцезата Беатрис. Настанот се случил пред четири години, а иако сите му препорачувале да не го кажува ова во јавноста, тој го игнорираше тоа. Како на ова ќе реагира кралското семејство, останува да видиме.

„Бев заштитнички настроен околу се и тогаш тоа не го коментирав јавно“, истакна Стјуарт Камп во подкастот „Straight Up“, кој за кариерата на Ширан се грижи од 2011 година.

Фото: Инстаграм

„Одредени луѓе ми кажаа дека треба да лажеме и да кажеме дека тоа не го направила таа, туку некој друг, но јас јасно им кажав дека нема ништо на никого да кажеме. Нема да лажам само затоа што некој е идиот и мафта со меч во рака кога ќе се напие. Едноставно не е безбедно“, раскажа Камп за случувањето од 2016 година на забавата во кралската ложа во Беркшир.

Фото: Инстаграм

Според изјавите на очевидци, принцезата Беатрис покажувала како со мечот ќе го одликува Џејмс Блант, исто како што одликува и нејзината баба, кралицата Елизабета, не сфаќајки дека веднаш покрај неа стои Ед Ширан. Откако замавнала со мечот, му го пресекла образот на Ширан, на само неколку сантиметри под десното око. Доколку тој се помрднел, можел да остане без своето око.

Кога Ед Ширан се појави во јавноста во 2016 година со рана под окото, многу медиуми шпекулираа дека учествувал во тепачка. Но сепак, на крајот менаџерот се одлучи да ја каже вистината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот