Меган Ти Сталион - Фото: EPA/SARAH YENESEL

Меган Ти Сталион е примена во болница откако ѝ се слошило за време на настап на Бродвеј

Американската раперка Меган Ти Сталион итно била пренесена во болница откако ѝ се слошило за време на изведба на претставата „Мулен Руж! Мјузикл“ (Moulin Rouge! The Musical) на Бродвеј, пренесува „Холивуд репортер“.

Според нејзиниот портпарол, таа за време на вечерната претстава одеднаш се почувствувала многу лошо, по што веднаш била однесена во локална болница. Таму ѝ се прават детални прегледи за да се утврди нејзината здравствена состојба, а повеќе информации се очекуваат по дополнителните анализи.

Нејзиниот фризер Келон Дерик се огласи на социјалните мрежи и упати апел за поддршка, додавајќи дека целиот тим е со неа во болница.

Новинарката Лорен ЛоРоса, која присуствувала на претставата, изјави дека раперката се појавила во неколку почетни сцени, но изведбата набрзо била прекината. Публиката била замолена да остане на своите места, а потоа претставата продолжила со алтернативна изведувачка која ја презела нејзината улога до крајот на вечерта.

Да потсетиме, Меган Ти Сталион дебитираше на Бродвеј на 24 март, кога започна ограничен ангажман од осум недели во улогата на Зидлер. Планирано беше да настапува во театарот Ал Хиршфелд театар во Њујорк до 17 мај.

Претходно изјави дека настапот на Бродвеј е голема чест за неа, нагласувајќи дека станува збор за нов креативен предизвик кој бара високо ниво на дисциплина и подготовка, како и можност да ѝ покаже на публиката поинаква страна од својот уметнички израз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот