Меган Маркл ја објави својата прва книга: Темата е трогателна, а посветата открива каков однос има со сопругот

Иако првично беше договорено книгата „Клупа“, напишана од Меган Маркл, да биде објавена непосредно пред раѓањето на нејзината ќерка, тоа не се случи.

Имено, Лилибет Дијана Маунтбаден-Виндзор е родена шест дена пред официјалниот датум, на 4 јуни, додека книгата за деца беше објавена четири дена подоцна.

Klupa, Megan Markl
Profimedia

Во детската книга, објавена од „Рандом хаус“, Меган Маркл пишува за односот на татко и син, виден низ очите на една мајка, а благодарение на илустрациите на уметникот Кристијан Робинсон, во неа се наоѓаат илустрации од нејзиното семејство, односно од принцот Хари, Арчи, двете кучиња и кокошките што ги спасиле. Книгата е инспирирана од односот меѓу нејзиниот сопруг принцот Хари и синот Арчи.

Иако тоа не го планирала, Меган во последен момент ја додала и новородената Лилибет Дијана на последната страница од книгата, и тоа на начин што на едната страница црвенокосо момче и неговиот татко седат на клупа и хранат две кокошки, додека на другата, кокошка и куче одат кон синот и таткото, а над нив стои нивната градина. Во тој заграден простор во градината стои жена со темна коса, покриена со капа, облечена во бела маица и фармерки, додека покрај неа стои црно куче, а во рацете држи бебе. На дното на страницата стои: „Таму каде што никогаш нема да бидеш сам“.

Klupa, Megan Markl
Profimedia

Како што веќе рекла при најавувањето на книгата, таа настанала како песна што ја напишала за принцот Хари на „Денот на таткото“, еден месец пред да се роди Арчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот