Матс Виландер: Го гледам Надал како тренер на Алкараз
Швеѓанецот веќе ја испланира иднината на неодамна пензионираниот Рафаел Надал, велејќи дека Шпанецот сигурно ќе остане во тенисот
Швеѓанецот Матс Виландер, некогашен светски број еден во тенисот (септември 1988) и седумкратен грен-слем шампион, а веќе подолго време ТВ-кометатор, важи за одлично информиран стручњак во овој спорт.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Виландер неоадмна изјави дека по неодамнешното повлекување од тенисот, Шпанецот Рафаел Надал веројатно ќе стане тренер и можеби ќе биде во штабот на сонародникот Карлс Алкараз.

– Многу е можно Надал да стане тренер. Дури можам да го видам како тренер на Алкараз. Иако Карлос моментно има еден од најдобрите тренери, Хуан Карлос Фереро, му недостига способност да го одржува истиот интензитет во текот на еден меч. Надал може тоа да го обезбеди. Во секој случај, Надал ќе биде вклучен во тенисот, или како тренер или како коментатор, а дури би можел да стане и идниот капитен на шпанската Дејвис куп репрезентација – изјави Виландер.
Не би било необично поранешниот светски број еден Надал да се впушти во тренерски води. Неодамна тоа го стори еден друг поранешен број еден, Енди Мари, кој му стана тренер на Новак Ѓоковиќ.


